По мировната „мисија“ и средбите со украинскиот и рускиот претседател Зеленски и Путин, унгарскиот премиер Виктор Орба во интервју за германски „Билд“ оцени дека очекува натамошно влошување на ситуацијата на бојното поле.
„Им го поставив истото прашање и на двајцата. Ги прашав и двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин, уред.) дали има шанси да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да почнеме од прекинот на огнот Бидејќи во моментов сите размислуваат во друга насока, тие прво сакаат да постигнат мировен договор, а дури потоа да прогласат примирје“, рече Орбан.
„И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на примирјето ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната“, додаде унгарскиот премиер.
Како што истакна Орбан за Билд, разговорите со спротивставените страни во војната јасно му покажале дека следните два-три месеци ќе бидат побрутални отколку што мислиме. Како што рече, ситуацијата на фронтот ќе биде уште полоша.
„Во следните неколку месеци работите ќе се влошат на фронтот. Русија има повеќе оружје, а Русите се порешителни. Така, енергијата на конфликтот, бројот на загинати, бројот на жртвите ќе бидат побрутални отколку во минатата седум месеци, иако периодот пред тоа беше исто така многу брутален“, рече унгарскиот премиер.
„Не се расправам кој е во право, а кој не. Затоа што целта ми е мир и прекин на огнот“, заклучи Орбан.





