Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, рече дека нема инструменти за владеење заради тоа што Советот во градот ја кочи работата. Но, сепак рече дека ваква никогаш не била состојбата во Скопје, а на прашањето што би направил да е на нејзино место, рече дека би си дал оставка за да заврши агонијата на градот.
„Таа нема инструменти за владеење бидејќи Советот ја кочи работата. Сепак, ова е агонија. Јас да сум на нејзино место, веднаш би поднел оставка, за да престане агонијата“, рече Апасиев во поткаст емисијата на новинарот Кристијан Ландов.





