Сојузот на синдикати на Македонија од новата Влада во првите 100 дена бара зголемување на минималната плата на 450 евра. Премиерот Мицкоски и министерот за економија подготвени за дијалог. За работодавачите ваквото барање е неприфатливо, пренесе МРТ1.

Министерката за финансии Гордана Димитреска Кочовска, беше децидна дека најпрво за прашањето треба да се изјасни министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој пак, кој деновиве најави дека за минималецот ќе се разговара на првата седница на Економско социјалниот совет, иако не прецизираше кога ќе се одржи.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Буџетот е во лоша кондиција, но oд ССМ остануваат на ставот, наместо во март кога се прави корекција, минималната плата да се зголеми во септември за околу 80 евра.
Ваквото покачување е неприфатливо и за газдите, кои велат дека доколку се случи, тоа ќе биде политичка одлука, која предизвикува урамниловка и дестимулација на добрите работници. Веќе се навестува дека покачување на минималната плата во првите 100 дена на оваа Влада ќе биде тежок процес,а темата се префрла од еден во друг ресор.





