Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ се пошегува и со Риши Сунак, поразениот британски премиер кој наскоро ќе мора да му ја предаде таа функција на Кир Стармер.
Имено, тие објавија твит во кој пишува дека Риши Сунак е „во страв да не го загуби местото во владата“.
„Не грижи се Риши, имаме место за тебе“, му порачаа од Рајанер со монтажа на која се гледа поразениот премиер како седи во нивниот авион.
Британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите, во наредните часови формално ќе му ја поднесе оставката на кралот Чарлс, јавува Би-би-си.
Сунак се враќа во Лондон, каде што набргу ќе се сретне со кралот Чарлс откако успеа да го задржи своето парламентарно место во Јоркшир.
По оставката на Сунак, се очекува кралот Чарлс официјално да побара од лидерот на лабуристите, Кир Стармер, да формира влада.






