Поранешната прва дама Мишел Обама е единствената демократка која би го победила републиканскиот кандидат и поранешен претседател Трамп на претседателските избори



Анкетата, спроведена од Ројтерс/Ипсос, покажа дека во хипотетички натпревар, Обама би добила 50 отсто поддршка наспроти 39 отсто кои би гласале за Трамп.

Само 4 отсто од испитаниците рекле дека воопшто нема да гласаат.

Анкетата следи по тешката дебата на Бајден минатата недела – лошиот настап на актуелниот претседател на САД доведе до тоа некои демократи да го повикаат да се откаже од трката и да направи простор некој друг „да ги преземе уздите“, пренесе „The Hill“.

Анкетата,покажа дека еден на секои тројца демократи веруваат дека Бајден треба да се откаже од трката.

Но, поранешната прва дама неколкупати стави до знаење дека нема намера да се кандидира на изборите, а претходно ја нарече работата на претседателот стресна и исцрпувачка, нешто што „не би сакала да си го дозволи“.

Белата куќа и кампањата на Бајден во последните денови се обидоа да ја минимизираат загриженоста за дебатата и ги отфрлија повиците до претседателот да ја прекине својата кампања.

Истражувањето беше спроведено онлајн од 1 до 2 јули.