Холандскиот експерт за Западен Балкан, Хан ван ден Берг, го коментира последниот напад од бугарскиот претседател Румен Радев кон „браќата“ од западниот сосед со зборовите дека „на државниот врв на Северна Македонија му недостига познавање на меѓународното право“, мислејќи на најавите од македонска страна за репреговарање на договорот со неговата земја.



„Бугарскиот претседател Радев прави сè за унапредување на односите Македонија-Бугарија. А тоа е во погрешна насока. Неговата колешка, проф. Гордана Силјановска-Давкова, всушност може да го научи Радев нешто или две за меѓународното право (или за промовирањето позитивни билатерални односи)“, објави Ван ден Берг на Твитер.