Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов е убеден дека влада нема да има.
„ГЕРБ категорично победи и ГЕРБ е должен да понуди предложи влада…
Ќе ги издржиме навредите, ќе издржиме се што ќе кажат нашите колеги, но ќе излеземе пред гласачите да им кажеме да гласаат повеќе за да не се повтори вакво нешто“, рече лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше дециден дека ГЕРБ нема да го поддржи вториот мандат, а третиот , според него – е „имагинарен“.
Борисов посочи дека земјата „лета кон нови избори“, а оние кои ќе кренат рака против (неговата предложена малцинска власт) власта ќе треба да објаснат што ќе донесат нови предвремени избори.
Тој денеска побара прекин на постапката за гласање на кабинетот на предложениот од ГЕРБ кабинет на Росен Желјазков и симболично го повлече кабинетот.






