„Не е Димитриевски кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме. Посакуваме коалицискиот партнер, во случајов претседателот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од власта и мора да работиме за доброто на граѓаните“.



Ова е реакцијата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски дека ќе ја напушти Владата ако во владините кабинети на министрите Албанци од Коалицијата „ВРЕДИ“ продолжи да се користи знамето на Албанија.

Според Касами, Димитриевски не требало да зборува на таа тема.

„Ние како граѓани Албанци на оваа држава ги почитуваме и поддржуваме граѓаните на македонската заедница во заштитата на нивниот идентитет, а истото го очекуваме и од македонските граѓани да ги поддржат Албанците во заштитата на нивниот идентитет, националното знаме е важен сегмент од ова“, рече Касами.