Со победата над Австрија од 2:1, фудбалската репрезентација на Турција последна избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Германија, во кое в петок за противник ќе ја има Холандија.
Демирал со головите во првата и во 59. минута ѝ донесе убедливо водство на Турција, но по погодокот на резервистот Грегорич во 66. минута во нов херој на турскиот тим се промовира голманот Мерт, кој во четвртата и последна минута од судиското продолжение со чудесна интервенција го одбрани ударот со глава од Баумгартнер.
За Турците ова е втор пласман меѓу најдобрите 16 селекции на стариот континент по 2008 година, а Австријците ќе чекаат нова шанса за прво четвртфинале.





