Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата “економски директори” во јавните здравствени установи.
-Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги. Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.
На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето
Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.
Нашата посветеност на здравјето и благосостојбата на граѓаните останува приоритет и овој чекор е уште еден доказ за нашата заложба за подобро здравство, напиша Мицкоски на Фејсбук.




