Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој постојано се спротивставува на помошта на ЕУ за Украина и одржува блиски односи со Русија, денеска слета во Киев за прв пат од почетокот на руската агресија.
Предвидено е тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди во објава на „Х“ неговиот портпарол Золтан Ковач
Средбата „ќе се фокусира на можностите за постигнување мир, како и на актуелните прашања во унгарско-украинските билатерални односи“, напиша Ковач.
Извори од Будимпешта објаснија дека Орбан одлучил да го посети Киев откако Украина и направила отстапки на Унгарија по прашањето за посебните права на унгарското малцинство со цел да се спречи ветото на Унгарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ.





