Франција со многу среќа се протна во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во Германија, славејќи со 1:0 против Белгија со автоголот на Фертонген во 85. минута од дуелот во Диселдорф!
Ни во својот четврти настап на ова ЕП еден од топ-фаворитите не постигна гол од игра, откако „триколорите“ беа подобри од Австрија со 1:0 со автоголот на Вобер, со Холанѓаните немаше голови, а погодокот со Полска за реми 1:1 го постигна Мбапе од пенал.
Противник на Французите во мечот за полуфинале ќе им биде подобриот од вечерашната пресметка меѓу Португалија и Словенија.






