Даночните обврзници спроти себе не треба да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно и навремено плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права, вели Елена Петрова која денеска формално ја презема функцијата Директор на Управа за јавни приходи, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
„Ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни. Со заеднички напори треба да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
„Ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни. Со заеднички напори треба да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Најавувам бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами. Следува одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Време е за напорна работа и резултати, затоа што светот нема да ја чека УЈП, ниту даночните обврзници, ниту новата технологија, ниту даночните измамници!
и криминалните даночни измами. Следува одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Време е за напорна работа и резултати, затоа што светот нема да ја чека УЈП, ниту даночните обврзници, ниту новата технологија, ниту даночните измамници! – вели в објава на Фејсбик Петрова.






