„Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас“, е едно од клучните прашања што ги поставува кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски по вчерашните партиски избори во СДСМ на кои победи Венко Филипче.
Деспотовски вели дека Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на уште едно клучно прашање:
„Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас“?
Тој најави дека на овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, денеска ќе поднесе приговори.
СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори.






