Сончево и многу топло време се очекува и денеска со минимална температура во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
UV=9.
Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Утре преку денот ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.






