ВИДЕО: Со свечена церемонија одбележани 111 години од Брегалничката битка

Делегација предводена од српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјала, Немања Старовиќ, утрото ја посети Македонија по повод одбележувањето на Брегалничкта битка од Втората балканска војна (1913).



Во своето обраќање рече дека овој ден е многу важен бидејќи се одбележува победа на балканските војни но и тага за загинатите војници.

Министерот Старовиќ ја предводеше државната церемонија на полагање венци и одавања на највисоки државни и воени почести по повод 111-годишнината од Брегалничката битка на ридот Каленица во Штип, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Старовиќ пред почетокот на одбележувањето на државната церемонија положи венец во Спомен – костурницата посветена на Св. Стефан Дечански во Долно Караслари кај Велес.

Старовиќ ја предводеше и државната церемонија на положување венци во Спомен-криптата костурница посветена на српските војници загинати во Втората балканска војна во селото Цер.