По ранувањето на припадник на српската Жандармеријата пред израелската амбасада итно се огласи министерот за внатрешни Ивица Дачиќ.



„Таму има редовна служба за обезбедување, а самиот објект е обезбеден од Жандармеријата. Пред амбасадата има мала куќарка“.

Денеска околу 11 часот дошло непознато лице и го прашало за музејот. Тогаш повторно се вратил, ја отворил вратата од малата куќа и извадил самострел и го застрелал во врат.

Жандармот веднаш реагирал, го извадил пиштолот колку што можел додека и тој не паднал.

Тој испукал неколку куршуми кон напаѓачот и по половина час починал.

Станува збор за припадникот на Жандармеријата, Милош Јевремовиќ. Тој бил пренесен во болница и во тек е операција….

„Тоа е терористички акт против Државата Србија и припадниците на Жандармеријата. Превентивно уапсивме други лица“, изјави Дачиќ.