Полициски службеници од ОВР Прилеп На 27.06.2024 го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава од малолетничка, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријави дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра.



Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.