Грција лесен залак за ракометните младинци на Македонија

Две убедливи победи над Грција од 29:25 синоќа и 27:19 денеска во Бер во првите контролни натпревари на машката ракометна реперезентација на Македонија до 20 години пред Европското првенство во Словенија што ќе се одржи од 10 до 21 јули.



По двомечот со јужниот сосед во петтиот град по големина во Егејска Македонија, кој Грците го преименуваа во Верија, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ на 5 и 6 јули ги очекуваат и две проверки со Словачка.

На ЕП во Целје „црвено-жолтите“ ќе играат во групата А, во која ќе стартуваат против Црна Гора на 10 јули, еден ден подоцна ќе ги одмерат силите со Хрватска, а на 13 јули и со Австрија.