Бугарскиот претседател не го прифати предлогот на Владата да ја предводи бугарската делегација и да учествува на состанокот на шефовите на држави и влади во Вашингтон.



Радев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради несогласувањата со бугарската влада за некои позиции на земјата на самитот, соопштија од прес-службата на претседателот.

Ова особено се однесува на обврските што Бугарија ги презеде по прашањето за војната во Украина, соопштија  кабинетот на претседателот.

Сепак, Радев остро ја осудува руската инвазија уште од првиот ден на војната, се вели во соопштението.

Потегот на Радев доаѓа откако бугарската влада го одобри ставот на Бугарија за самитот на НАТО од 9 до 11 јули.

Одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри (бугарска влада), кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“, јави БТА.

По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.