Силното невреме кое ја зафати скопската котлина направи штети како што беа паднатите и навалени дрва, како и скршените гранки, скинатите проводници, навалените бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Во Шуто Оризари за време на денешното невреме падна ограда на улица на последна 19ка. Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, Тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи.
Поплавена улица по која тече каллива река, а возилата тешко се пробиваат може да се види на снимка од штетите кои ги нанесе денешното невреме во скопско Волково. На сликите и снимките кои ги објави ПлусИнфо, може да се види и поплавен двор во кој сè плива.

– Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето, се наведува во соопштението од ЦУК.
Од УХМР известуваат дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.





