Поддршката на кој било експретседател на СДСМ за сегашните кандидати ќе донесе нови поделби во партијата, изјави кандидатката за лидер, Славјанка Петровска,  прашана дали поддршката на Зоран Заев за нејзиниот противкандидат Венко Филипче му дава предност пред неделните внатрепартиски избори.



„Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател“ рече Петровска во во интервју за Канал 5 .

„Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството“ рече Петровска .