Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на вооружените сили на Боливија, генерал Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар.
Генералот веднаш бил уапсен, објави синоќа боливиската државна телевизија.



. „Уапсен сте, генерале!“ Му кажал секретарот за внатрешни работи Џони Агилера пред Зунига да биде внесен во полициско возило..

Претходно, армијата под команда на Зунига распореди возила во главниот град, Ла Паз, во обид за државен удар и упад во претседателската палата.

Регионалните и меѓународните лидери го осудија обидот за пуч, повикувајќи на почитување на демократијата и легитимно избраните власти.

Во претседателската палата, новиот шеф на вооружените сили, Хозе Вилсон Санчез, положи заклетва пред претседателот, кој повика на враќање на редот и мирот.