Единствениот дебитант на Европското фудбалско првенство во Германија, репрезентацијата на Грузија, се избори за историско осминафинале со победата од 2:0 над Португалија со Кристијано Роналдо во тимот!
Грузијците го искористија тоа што Португалците веќе беа меѓу 16. најдобри селекции на стариот континент преку Кварацхелија во 2. минута и Микаутаѕе од пенал во 57. минута за трето место во групата Ф и за дуел со Шпанија во нокаут-фазата. Згора на тоа, Микаутаѕе води на листата на стрелците како единствен со 3 погодока, плус една асистенција!
Од оваа група понатаму оди и Турција со победата од 2:1 над Чешка (Чалханоглу 51 мин., Тосун 90+4 мин. – Соучек 66 мин.) во натпреварот во кој унгарскиот судија Иштван Ковач покажа неверојатни 19 картони, од кои 6 жолти и 2 црвени за Чесите и дури 11 жолти за Турците!
Украина со ремито без голови со Белгија заврши последна во групата Е, иако освои 4 бода, колку и другите селекции во групата, во која Словачка и Романија одиграа нерешено 1:1 (Дуда 24 мин. – Марин од пенал 37 мин.).
Двојки за осминафиналето: Германија – Данска, Португалија – Словенија, Франција – Белгија, Романија – Холандија, Австрија – Турција, Англија – Словачка, Швајцарија – Италија.






