„Журнал“: ДУИ нема да се вратат на власт за 6 месеци, така „предвидуваат“, за да го спречат бегството на нивното членство во други партии!

„Веројатно е дека нема да се остварат предвидувањата, што доаѓаат од кругови на ДУИ, дека таа ќе се врати на власт за шест месеци. Ваквите предвидувања имаат за цел повеќе да го задржат членството на ДУИ да не бега во други партии. – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Премиерот Талат Џафери е последниот од ДУИ, кој ја напушти Владата – дали ќе се врати на власт оваа партија по шест месеци?“.



Покрај другото, во анализата на „Журнал“ се истакнува: Талат Џафери, како прв албански премиер, беше последниот кадар од ДУИ, кој изврши официјално предавање на функцијата. Со тоа заврши 22-годишното владеење на оваа партија. Тој беше еден од ретките кадри на оваа партија, кој направи предавање-примање на функцијата, бидејќи мнозинството функционери на ДУИ одбија да направат такво нешто.

Колку долго ќе биде оваа партија во опозиција и дали ќе има сила да се врати на власт? Сега ќе се види дали била вистинска „големата љубов“, која ја имале граѓаните-Албанци кон ДУИ, според анкетите, или тоа било повеќе поради извршната власт, што ја поседувале како партија на власт.

Првите сигнали по изборите покажуваат дека било повеќе поради извршната власт, што ја поседувале ДУИ. Првите анкети, кои се правеа од моментот кога се дозна дека ДУИ оди во опозиција, покажуваат пад на нејзиниот рејтинг под рејтингот на коалицијата Вреди.

Ако продолжи овој тренд, тогаш веројатно нема да се остварат предвидувањата, што доаѓаат од кругови на ДУИ дека ќе се вратат на власт за шест месеци. Поточно ваквите предвидувања имаат за цел повеќе да го задржат членството на ДУИ да не бега во други партии.