Претседателот на Европската демократска партија, дел од Европскиот фронт, Аријанит Хоџа, на социјалната мрежа Фејсбук реагираше по разрешувањето на директорите во Министерството за здравство.



„Од сите директори што ги разреши министерот за здравство Арбен Таравари, медиумите на македонски јазик најмногу врева кренаа за разрешувањето на Бесија Илази – организациски директор на Клиниката за токсикологија, знаете ли зошто!?

Затоа што таа ги продолжила договорите за работа на 18 вработени Албанци и дека овие што денеска ќе ја водат оваа институција се избориле да не им продолжат договорите.

Дополнително, Бесија беше нападната и затоа што не го познава македонскиот јазик и тоа што институцијата ја водеше со перфектен албански изгледа им ги проби ушите на оние кои денеска се назначени со потпис на министрите-вазали“, напиша. Аријанит Хоџа.