Аутсајдерот на хартија Австрија ѝ приреди непријатно изненадување на Холандија, совладувајќи ја со 3:2 во последното коло од групата Д на Европското фудбалско првенство во Германија.
Австријците три пати водеа, прво со автоголот на Мален во 6. минута, потоа преку Шмид во 59. минута и на крајот со победничкиот погодок на Забицер во 80. минута, а „лалињата“ израмнуваа преку Гакпо во 47. минута и Депај во 75. минута, но не успеаја и по третпат, па паднаа на третото место во групата.
Франција и Полска ремизираа 1:1 во истата група од два пенала – прво Мбапе погоди од белата точка во 56. минута, па Левандовски на спротивната страна во 79. минута, со што „триколорите“ завршија зад лидерот Австрија, а Полјаците го завршија настапот на ЕП само со еден бод.
Еврошампионатот е готов и за Србија, која одигра без голови со Данска, а со најнепопуларниот резултат заврши и дуелот на Словенија и Англија, по кој Англичаните се први во групата Ц со 5 бода, пред Данците и Словенците со по 3, а Србите имаат 2.
На Словенците бодот им беше доволен за осминафинале.





