„Не само коалицијата Вреди, туку и САД и Западот ја испратија ДУИ во опозиција. ДУИ ќе биде во опозиција по заслуга, поради сето она што го стори во 22-те години од своето учество во власта. Албанскиот народ ќе може послободно да дише со Вреди во власта сѐ додека ДУИ се отрезни и се освести.“ – вели Ејуп Бериша, политиколог и поранешен политички совeтник на еден поранешен претседател на Македонија, во својата колумна со наслов „ДУИ во опозиција не тенденциозно, туку по заслуга“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.
Во колумната Бериша пишува: Не само коалицијата Вреди, туку и САД и Западот ја испратија ДУИ во опозиција. ДУИ ќе биде во опозиција не тенденциозно, поради некого, туку по заслуга. Никој не ѝ е виновен на оваа партија, туку таа самата си го стори тоа. Никој не ѝ нанесе зло, таа самата заслужи да замине во опозиција, поради се она што го правеше. Вреди доби голема поддршка и авторитет од албанскиот бирач на парламентарните избори во мај годинава, поради некоректниот пристап на ДУИ кон се што е албанско во * Македонија. Не е можно и не е коректно да се владее во име и со благослов на Албанците и цело време да се омаловажуваат, да искривуваат, како и да се игнорираат барањата, потребите и желбите на Албанците на политичка сцена.
ДУИ во 2002 година го презеде спроведувањето на Охридскиот договор, но никогаш не го реализира како што требаше. Благодарение на Охридскиот договор, ДУИ победи во многу изборни циклуси, но напразно, оваа партија никогаш не ги спроведе правилно ниту главни столбови на овој договор. А тоа беа официјализирање на албанскиот јазик, соодветна употреба на албанските национални симболи, како и правична и соодветна застапеност на Албанците во државните и јавните институции.
Иако беше предвидено со Охридскиот договор, ДУИ не го официјализира албанскиот јазик како што треба, не инсистираше на вистинска и соодветна употреба на албанските национални симболи во државата. Правичната и соодветна застапеност на Албанците во државните и јавните институции ДУИ ја злоупотреби, за да ги вработи главно своите партиски милитанти. ДУИ не им даде право, ниту можност за претставување на сите Албанци во државните и јавните институтции, независно на која партија ѝ припаѓаат, ниту на оние Албанци, кои се аполитични.
Никој не терал свој инает кон ДУИ, туку таа е жртва на сопствените несозреани постапки на сегашната политичка сцена. Никој немал намера тенденциозно и намерно да ја праќа ДУИ во опозиција. Челниците на оваа партија одлетаа многу високо со својот памет и требаше некој да им каже: „Доста беше, време е да одите во опозиција!“.
Во ДУИ ќе мораат да ги анализираат бројните пропусти и грешки, што ги направија тенденциозно челниците на оваа партија во текот на 22-те години од нивното престојување во власта. Албанскиот народ ќе може послободно да дише со Вреди во власта сѐ додека ДУИ се отрезни и се освести.





