Пари, подароци, вработувања, унапредувања и донации за политички партии се најчестите барања за мито од функционери на централната и локална власт побарани од македонските компании во 2023 година, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија. Наголем дел од митот било во постапка за добивање дозвола или одобрение при инспекциски надзор и при царинска или тендерска постапка, а следат и барања за ммито во даночна, судска или катастарска постапка.

Централната власт минатата година била најголем рекетар на бизнисот, алармира Стопанската комора. Според податоците, на
компании им биле барани пари, од 1.000 до 10.000 евра, а на некои фирми преку 100.000 евра за полесно да се заврши некоја
работа, покажуваат податоците од најновото истражување. Од оние што не прифатиле коруптивно барање, 48% рекле дека
имале последици врз бизнисот.
- Многумина не разбираат колкава е штетата од корупцијата и дека таа ги погодува сите затоа што парите од поткупот завршуваат во приватни џебови наместо во Буџетот на државата која потоа нема пари да им обезбеди квалитетни услуги на граѓаните. На меѓународното рангирање како единствено релевантно Македонија е на 76 место по пршањето на корупцијата и во вакви околности нужно е дека нешто мора да се прави, изјави Зоран Јовановски своетник во Стопанската комора на денешната презентција на резултатите од анкетата во врска со коруптивни барања со кои се соочиле македонските коммпании.

За 83,3% од компаниите корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјата кои мора веднаш да се решат, а 96%
веруваат дека може да има успех во борбата против корупцијата. Согласно анкетата, 30% од компаниите сметаат дека ќе
пропаднат ако не прифатат мито.
Анкетата била спроведена лани, опфаќа 138 компании, од 48 дејности. За да се помогне во надминување на овој проблем, Стопанската комора ќе потпише меморандум за соработка со Антикорупциска и ќе реализира обуки за компании за етичко однесување.





