Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје.
Овој загрижувачки податок произлегува од анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.
Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20), пренесува Плусинфо.
Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.
Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92).
Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.






