Новиот министер Андоновски на средба со младите од ИТ-секторот

Новиот министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ-секторот.



Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија“.

Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.

,,Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада, со што ќе им се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата“.

.