Смокови во атарот на Лакавица, штипско, усмртиле и изеле голем број гулаби од гулабарник.



Гулабарникот е сопственост на Ване Станков и тој за СДК.мк ја опиша грозоморната глетка:

„За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата#, изјави сопственикот Ване Станков кој ги затекнал смоковите.

Претходно гулабарникот на Ване бил мета на крадци, а овојпат смоковите ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите.