Македонската амбасадорка во Велика Британија, Катерина Ставреска, по повод посетата на Бакингемската палата и средбата на британскиот крал Чарлс Трети, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кои традиционално ја претставуваат културата на Македонија и регионот низ светот.
Брендот Охридски Бисер и Филигран-Филеви Т.М. 1928 за британскиот монарх изработи копчиња за кошула од бисерни плочки гравирана со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура.
За кралицата Камила е изработен бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура.






