Почина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани на 62-годишна возраст.
Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет.
Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.
Од МВР потврдија дека Андонов загинал при несреќа на неговата викендичка на планината Осогово.






