„По големата и координирана врева на ‘Европскиот фронт’ околу прашањето на легитимитетот, се дојде до својот крај. На овие жешки летни температури изјавата на американскиот амбасадор беше неочекуван и непријатен студен туш за Европскиот фронт. Очајна што ќе премине во опозиција, ДУИ се тешеше самата себеси со темата за легитимитетот. Низ годините ДУИ опстојуваше во власта со ‘амин’ на Американците. Но, сега изјавата на американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер дека не постои законска обврска ДУИ да биде дел од владата ја разурна целата кула на ДУИ, градена многу години.“ – нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Изјавата на Агелер – студен туш за ДУИ“.
Нема законска обврска ДУИ да биде дел од власта
Во анализата натаму „Журнал“ пишува: Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер вели дека нема законска обврска Европскиот фронт да биде дел од владата. Според неа, мандатарот одлучува која коалиција ќе ја земе како владин партнер. „ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот ‘Вреди’, кој е, исто така, коалиција како и ‘Европскиот фронт’, предводен од ДУИ. Партијата што победи на изборите имаше можност и избра да коалицира со малцинските групи во земјата. Задоволна сум што владата е составена од различни групи. Нема законска обврска ДУИ да ѝ се придружи на владата.“ – нагласи Агелер во во интервју за „360 степени“.
Изјавата на Агелер влијаеше видно врз будењето на ДУИ од сонот и врз враќање во реалноста дека за владините партнери одлучува мандатaрот и оти врз него немаат влијание желбите на политичките партии.
ДУИ треба да го следи примерот на СДСМ да не се занимава со имагинации, туку дека треба да ја прифати реалноста
Демократската унија за интеграција е најдолго е на власт не само во земјава, туку и во регионот. Таа забележа зачудувачки рекорд во поглед на времето, минато на власта, што ја надминува праксата во многу земји и на многу партии. Но и на оваа авантура ѝ дојде крајот: новата влада се прави без ДУИ и тоа не е ниту трагично, ниту нелегитимно. Се е врз основа на политичките договори.
ДУИ тешко го прифаќа фактот дека ќе остане во опозиција, па затоа преку разни методи се обидува да го одолговлече одењето во опозиција. Сево ова се обидуваат да го сторат, повикувајќи се на легитимитетот на албанскиот глас, и покрај тоа што тие потекнуваат од коалиција со граѓански, а не етнички концепт.
Колку побргу ДУИ ќе го следи примерот на СДСМ да воведе длабоки и радикални реформи, толку подобро ќе биде. На ДУИ ѝ требаат суштински реформи, за да ги согледа причините за незадоволителниот резултат, што го постигна на последните избори. ДУИ треба да ги открие своите грешки и таму да направи корекции. Промените на кадрите и партиските личности е најмалата работа, што треба да ја направи оваа партија, граѓаните не забораваат. Партијата што излезе од војната се претвори во зелена партија и граѓанска партија.
Оваа партија не е конзистентна во своите ставови и таа го потценува граѓанинот. Од друга страна, ДУИ во овие години не беше многу моќна, но наспроти себе имаше расфрлена и поделена опозиција, која можеше да се контролира лесно. Денес ова се промени и албанскиот политички табор е подобар од кога било досега. Се очекува партиите на власт во коалицијата Вреди да се спојат во една, или најмногу во две политички партии, за да се зачува создадената промена.





