Изјавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“, велат од Стејт Департментот за Гласот на Америка на македонски.
Ваквиот став доаѓа како одговор на прашањето дали мандатарот „со употреба на две имиња за државата, дома Македонија, а надвор Северна Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа“.
Мицкоски, по поднесувањето на предлог-составот на владата и нејзината програма, рече дека заклетвата за премиер ќе ја даде со уставното име, како и дека уставното име ќе го користи во странство, но не и во државата.
„Изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“, изјавија од Стејт департментот.
САД ја повторија важноста да се почитува Преспанскиот договор и рекоа дека ќе работат со сите страни за да се одржат неговите придобивки.
Извор : Глас на Америка





