Приватните превозници најавија протест во понеделник, пишува Телма., поради што Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз.
Како што најавуваат од нивните редови, приватните автобуси нема да сообраќаат во понеделник, туку ќе останат паркирани во гаражите, а одлуката е веќе донесена.
Приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари, потребни за да може да работат. Дел од нив, се пожалиле дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.
Инаку, ова не е прв пат Скопје да остане без приватни автобуси. Причината и претходно беше долг, а тогаш градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска инсистираше дека не им должи ништо. Сепак инспекцискиот надзор го покажа спротивното.






