Украина со пресврт до победа над Словачка, Австрија ја спакува Полска

Фудбалската репрезентација на Украина до 54. минута беше на пат за дома, но се „разбуди“ во вистински час и со пресврт славеше со 2:1 над Словачка, значително зголемувајќи си ги шансите за осминафинале на Европското првенство во Германија.



Во наведената минута Шарапенко го анулира словачкото водство од 17. минута со вториот гол на Шранц на шампионатот, за резервистот Јаремчук десет минути пред крајот да им донесе голема радост на илјадниците украински навивачи на стадионот во Диселдорф.

Австрија ја порази Полска со убедливи 3:1 во Берлин и уште пред последното коло од групата Д ѝ ги уништи надежите за следната фаза благодарејќи и на ремито без голови во дербито меѓу Холандија и Франција.

Траунер го отвори резултатот по 9 минути игра, израмни Пјонтек во 30. минута, а целиот плен на Австријците им го донесоа Баумгартнер во 66. минута и Арнаутовиќ од пенал во 78. минута.