Енергетска независност на државата, тоа ќе биде главниот предизвик за новата министерка за енергетика. Во ексклузивно интервју за „Локално“, таа открива дека главен фокус во наредните четири години ќе биде ставен врз инвестициите, а не како што вели, врз потрошувачката како што е сега.
Во интервју за „Локално“, таа открива дека главен фокус во наредните четири години ќе биде ставен врз инвестициите, а не како што вели, врз потрошувачката како што е сега.
Министерството како прво ќе треба да види до каде се и зошто има многу проекти кои се во застој. На пример, гасоводот од Клечовце до Штип е изграден, а не е во функција. До каде е гасоводниот прстен, зошто има застој во гасоводната интерконекција со Грција, исто така и со електроенергетското поврзување со Албанија“, вели Божиновска.
Истовремено ќе се стават под лупа сите сомнителни договори во овој сектор.
„Мора да се види работењето на ЕСМ, сите тендери кои се договарани во четири очи, што сè е набавено и целокупното работење на енергетските капацитети. Секако тука се и сите останати тендери во МЕПСО, недозволеното повлекување на електрична енергија од УЦТЕ и фактурите кои достигнуваат 20 милиони евра“, категорична е Божиновска.
Поради очигледната превработеност во двете државни компании, неопходно ќе биде намалување на бројот на вработените, што во старт не мора да значи отпуштање, туку преземање или прераспределување на дел од вработените во други институции“, заклучува Божиновска.
-Министерството е за енергетика, рударство и минерални суровини. Точно дека ќе има многу предизвици, пред сè од причина што енергетиката иако е сржта на секоја држава, кај нас со децении беше запоставена. Од осамостојувањето наваму секоја Влада само декларативно ја спомнуваше енергетикaта, потребата од енергетска независност, се носеа планови и стратегии, а не се мрднуваше од мртва точка. Иако експертите постојано предупредуваа дека РЕК Битола нема да може вечно да обезбедува најголем дел од електричната енергија која ни е потребна, резервите на јаглен се трошеа, а не се градеше ништо ново. Од осамостојувањето наваму единствени поголeми капацитети што се изградија се двете хидроцентрали „Козјак” и „Света Петка” и ветерниот парк „Богданци”, како и когенеративната централа ТЕ-ТО која е приватна инвестиција.
Сања Божиновска / фото: Фактор[/caption]





