„Во претставувањето на приоритетите од четиригодишното учество на коалицијата Вреди во власта Билал Касами, лидерот на Беса, нагласи дека Вреди, како дел од новата Влада, ќе ги реализира точките од својата програма, меѓу кои е и целосната локална децентрализација. Тој наведе дека во Владата на ВМРО ДПМНЕ-Вреди општините ќе се зајакнат и ќе претставуваат главно државно рамниште, што се однесува до инвестициите, администрацијата, граѓанскиот поредок и јавните услуги.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ја наведува изјавата на Билал Касами, дадена во овој контекст: „Како дел на новата Влада Вреди ќе ги реализира точките од својата програма, меѓу кои е и целосната локална децентрализација. Ќе ја спроведеме европската практика на децентрализација, што значи: повеќе буџет и поголема моќ на одлучување за нашите општини, повеќе развој и повеќе еднаквост за нашите граѓани, земајќи ги моделите на развиените земји, како што се Германија и Белгија. Во програмата на Вреди и Владата, која наскоро ќе биде усвоена во Собранието, од државниот буџет само за 2024 година ќе бидат доделени повеќе од 100 милиони евра за општините, заради колку е можен побрз општински развој и итно остварување на најпотребните проекти за граѓаните и општините. Сево ова за да го поминат општините со своите инвестиции прагот на секој граѓанин, без разлика дали живее во центарот на градот, или во најпланинските предели на државата. За ова Општина Тетово и другите општини, предводени од Вреди, веќе ги подготвуваат проектите, за кои ќе побараме буџет од Владата. Сега со учеството на Вреди во Владата општините ќе бидат главно државно рамниште што се однесува до инвестициите, администрацијата, граѓанскиот поредок и јавните услуги.“
.





