Трите проекти на кои ќе стави акцент по преземањето на функцијата министер за транспорт се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња која, како што напомена, е исклучително важна за источниот регион, изјави Александар Николоски во гостување на Канал 5.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ предложен за иден министер за транспорт вели дека граѓаните очекуваат одговори на две прашања и тоа:
– прво експресниот пат од Градско до Прилеп којшто ја поврзува Пелагонија и Централна Македонија со остатокот од државата и тоа е нешто во кое прво ќе имам увид.
Втора работа, исто врвен приоритет, е автопатот Охрид – Кичево, кој со години е застанат и не се гради.
Ќе видиме зошто е тоа така и што може да се направи. И трет приоритет е изградбата на браната Отиња којашто е исклучително важна за источниот дел на Македонија – рече Николоски во Дневникот на Канал 5.
Во однос на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д, Николоски посочи дека смета оти овој договор треба да се објави.
Во однос на содржината на договорот, појасни дека институциите соодветно ќе го разгледаат и ќе се добие договор дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници.
„Не знам по кој закон тој е класифициран како државна тајна…“ рече Николоски






