Ермал Кука, спортски новинар од Албанија, го осуди со ништо непредизвиканото пцуење на Македонците од албанскиот фудбалски репрезентативец Мирлинд Даку по синоќешниот натпревар со Хрватска во Хамбург на Европското првенство во Германија.
„Мирлинд Даку се стави себеси и Албанија во глупаво опасна ситуација. Неговите скандирања против Македонија сигурно ќе завршат со истрага од УЕФА, ризикувајќи казни или нешто друго. Некои луѓе треба само да пораснат“, прокоментира Кука на Твитер.






