Јавното претпријатие за државни патишта е на пиедесталот меѓу државните компании за чии позајмици државата гарантира. Имено, јавниот долг на ЈПДП од 763,7 милиони евра пораснал на 799,1 милиони евра. За долгот на јавното претпријатие гарантира државата, а нивниот долг е еден од најголемите од сите јавни прептријатија. Ова го покажува последниот извештај кој е доставен во Собранието на Македонија.
Во него може да се види, дека од позајмиците на државата, во врвот е и Развојната банка на Македонија, чиј гарантиран долг достигнал до 239 милиони евра.
Бројките покажуваат дека во врвот, или меѓу трите компании кои прават најголем долг е и ЕСМ, државна компанија задолжена за производство на струја. Нивниот долг од 43,8 милиони евра во 2022 година, пораснал на 78,4 милиони евра лани.
Целата листа на компании зад чиј долг застанала државата на
https://faktor.mk/drzavni-patishta-ubedlivo-na-tronot–drzavata-garantira-pretprijatijata-se-zadolzuvaat-eve-kolku-dostignal-dolgot-na-krajot-na-2023





