Лидерите на Европската унија (ЕУ) синоќа не успеаја да ја поддржат Урсула фон дер Лајен за уште еден мандат како претседател на Европската комисија, пренесува Политико, повикувајќи се на тројца свои извори меѓу дипломатите.
Тоа не се случи, и покрај уверувањата на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во последните денови дека се блиску до договор.
„Вечерва нема договор“, им рече на новинарите претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел доцна во понеделникот, по вечерата на лидерите.
Лидерите ќе продолжат со дискусиите во наредните денови, можеби на следниот состанок на 27-28 јуни.






