Меџити: Стоилковиќ е предложен за Министерството за односи меѓу заедниците, кое нема да ги ограничува и да ги унапредува правата на Албанците!

„Не манипулирајте! Пропагандната машинeрија на Артан Груби и Бујар Османи не запира! Иван Стоилковиќ не го добива министерството за политички систем, ниту за Охридскиот договор! Стоилковиќ е предложен како министер за односи меѓу заедниците. Ова министерство не се занимава со правата на Албанците, ниту ги ограничува, ниту ги унапредува. Пропагандните лаборатории на Артан и Бујар дезинформираат и ги извртуваат фактите од очај, во пресрет на формирањето на новата влада.“реагира Изет Меџити, лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди, на својот фејсбук-профил.



Ја пренесуваме во интегрална верзија оваа реакција на Меџити: Не манипулирајте! Пропагандната машинeрија  на Артан Груби и Бујар Османи не запира! Нив народот ги осуди со својот глас, поради тоа што  наместо да работат, тие ги исмејуваа Албанците и играа фудбал низ канцелариите на министерствата. Сега од очај, во пресрет на формирањето на новата влада, Артан и Бујар заедно со своите мегафони ја извртуваат вистината и шират дезинформации.

Иван Стоилковиќ не го добива министерството за политичкиот систем, ниту за Охридскиот договор! Стоилковиќ е предложен како министер за односи меѓу заедниците, а ова министерство, формирано во 2008 година, до неодамна беше одговорно за заштита, одгледување и афирмација на етничките групи помали од 20 проценти, значи  со надлежности за унапредување на правата на Турците, Србите, Бошњаците, Ромите и другите.

Значи, ова Министерство не се занимава со правата на Албанците, ниту ги ограничува, ниту ги унапредува. Правата на Албанците се заштитени и гарантирани со Уставот и Охридскиот договор. Како втора мнозински народ Албанците се претставени со повеќе министерства и ресори во владиниот кабинет. Со реорганизацијата на министерствата, за која гласаше и ДУИ, ова министерство од 20 проценти, за кое зборуваат Артан и и Бујар, ќе доживее трансформација.

Затоа, не се занимавајте со дезинформациите и извртувањето на фактите, што ги произведуваат пропагандните лаборатории на Артан и Бујар. Наскоро ќе биде комплетирана новата влада. Вреди ќе отвори ново поглавје на владеење. Старата политика на демагозите заминува во историјата. Доаѓа новата политика на работа и одговорност кон институциите и граѓаните.