Славески: Ако матична држава на сограѓаните Албанци е Македонија, по која логика Албанија е нивна фудбалска репрезентација?

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, со јавно прашање до лидерот на Беса, Билал Касами, во врска со неговата објава на националните мрежи и пораката „секогаш со нашиот национален тим“, мислејќи на фудбалската репрезентација на Македонија.



„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим?“, реплицира поранешниот министер за финансии за твитот на градоначалникот на Тетово: „Испишавме историја со момчето од Тетово. Ја затресе мрежата на Италијанците само по 23 секунди! Секогаш со нашиот национален тим“, мислејќи на водечкиот гол на Бајрами за Албанија против Италија (1:2) на Европското првенство во Германија.