Владо Мисајловски на Фејсбук се заблагодари на поддршката што ја добива од македонскиот наорд и шансата да се работи за нашата Татковина.
Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда.
Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија.
Мисајловски порача дека ќе се заложи односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност.
– Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.

Home Македонија Мисајловски: Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија...




