По шест години во затвор, Миле Јанакиески конечно излегува на слобода

Денеска од затвор излегува ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој помина шест години во затвор за предметите на поранешното СЈО, „Шпански скали“, „Титаник“ и „27-ми април“. Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација.



Јанакиески беше една од најголемите жртви на власта во заминување. Беше малтретиран речиси секојдневно на суд, а понекогаш имаше и по неколку рочишта во денот.

Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета од 3.900 евра, пресуди Европскиот суд за човекови права.

Миле Јанакиески ја победи државата пред судот во Стразбур и ќе добие отштета затоа што е утврдено дека му билo повредено правото на слобода по членот 5 од Европската Конвенција за човекови права.

Поранешниот министер, обвинет во случаите Шпански Скали и организација на 27-ми април, бил во притвор иако според судот не постоеле причини за негово лишување од слообода. Втората повреда е во делот на брзината на одлучување по неговите жалби пред кривичниот совет во скопскиот кривичен суд, кои законски требало да траат максимум 48 часа.