Откако доби едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата, мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа ги соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“.
Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија.
Предлог составот и програмата на владата мандатарот Христијан Мицксоки ќе ги достави до Собранието утре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.
Од коалицијата „Твоја Македонија“ кандидати за министри се:
Министер за транспорт и потпретседател на Влада ќе биде Александар Николоски, за одбрана Владо Мисајловски.
Со Министерството за финансии ќе раководи Гордана Димитриовска Кочоска,
Тимчо Муцунски ќе раководи со Министерството за надворешни работи.
Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински .
За министер за информатичко општество и дигитална трансформација предложен е Стефан Андоновски,
На чело на Министерството за спорт ќе застане Борко Ристовски.
Задолжена за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска,
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, е доделено на Цветан Трипуновски.
Во култура и туризам влегува Зоран Љутков.
Министер за внатрешни работи ќе биде досегашниот технички, Панче Тошковски.
Министер за образование и наука ќе биде Весна Јаневска,
Со Министерството за политички систем ќе раководи Љупчо Димовски.
За односи со заедниците за министер е предложен Иван Стоилковиќ и
За интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу.
Партиите од Коалицијата ВРЕДИ, ќе раководат со
Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива,
со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,
Со Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе раководи Фатмир Лимаии
Министерството за економија и труд му се доверува на Бесар Дурмиши.
Ресорот здравство, најверојатно ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.
Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, пак, кандидати се
Игор Филков за министер за правда и
Горан Минчев за министер за јавна администрација.





