Еден, ама вреден за Англија против Србија, бод за Словенија против Данска

Вицешампионот Англија стартуваше со победа во групата Ц на Европското фудбалско првенство во Германија, а единствениот гол против Србија во Гелзенкирхен беше дело на Белингам со глава во 13. минута.



И Данска долго водеше, уште од 17. минута кога погоди Ериксен, но Јанжа во 77. минута ѝ донесе бод на Словенија во другиот меч од истата група, но во Штутгарт.

Холандија, пак, со пресврт прокнижи три бода против Полска, која поведе преку Букса по 16 минути игра, израмни Гакпо во 29. минута, а погодокот за победа го постигна резервистот Вегхорст седум минути пред крајот од дуелот од групата Д во Хамбург.